Османи: Пропадна обидот за отстапување од стратешките определби на земјава

од Берта Китинска
250 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва на својот Фејсбук профил објави дека пропаднал обидот за отстапување од стратешките определби на земјава, откако беше затворена собраниската седницата за изгласување недоверба на Владата.

– Обидот за отстапување од нашите стратешки определби вечерва пропадна продолжуваме со уште поголем интензитет во заокружувањето на целите за подобар и позелен живот на нашите граѓани. Честитки на сите!, напиша Османи.