139
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во пресрет на почетокот на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Тирана, изјави дека ова не е местото каде што треба да се водат преговори меѓу Србија и Косово и додаде дека претседателот Александар Вучиќ е продолжување на менталитетот што постоел во Србија во 1990-тите и кој доведе до војна.
Османи, одговарајќи на прашањето дали ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, рече дека Самитот е посветен на Европската Унија и Западен Балкан.