291
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ го осуди денешниот терористички напад во Анкара.
-Северна Македонија силно ја поддржува Турција во нејзината борба против тероризмот, напиша на Фејсбук министерот Османи.
Во Анкара денеска се случи терористички напад кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на зградата на полицијата, пренесоа турските медиуми.