Османи: Треба да се занемари се она што историски создава анимозитет и токсичност помеѓу Бугарија и С.Македонија

197 прегледи

Во своето гостување во Топ Тема, министерот за надворешни работи, Бујар Османи посочи дека историјата е дел на коментар во приближување на двата народи, но и потенцира дека нема да ги коментира изјавите на бугарските политичари.

„Инструкциите се дека двата договори треба да се почитуваат такви какви што се. Сепак, работиме се уште на прашањето врзано за придавката македонски. Ако нешто корисно произлезе, е јасната искажана позиција на Бугарија, дека не ги спорат идентитетските атрибути. Идејата е да се доближат двата народа, со приближување на историјата и исфрлање на се она што создава анимозитет и токсичност во рамки на учебниците. И клучниот проблем е разграничувањето по однос на ова прашање. Духот на кој се потпира договорот е историската комисија, односно како да се тргнат стереотипите од минатото “, истакна министерот Османи.

По потсетување на денешната изјава на вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, Османи отфрли  можност да одговори на ваквата провокација, со изговор дека неговиот став е молчење, односно некоментирање на изјавите на бугарските политичари, бидејќи, како што вели, тие се наоѓаат во предизборие, и ние како страна не сакаме да заземаме ставови во внатрешните односи на Бугарија.

 

 

 

Слични содржини