Османи за членството на Шведска во НАТО: „Косово е следно“

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека договорот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за ратификување на членството на Шведска во НАТО е одлична вест.

Османи на Твитер наведе дека следни во редот за членство во НАТО се Косово, Украина и Босна и Херцеговина.

„Одлична вест. На ред се Косово, Украина и Босна и Херцеговина да влезат во НАТО, за посилна Алијанса и побезбедна и постабилна Европа“, нагласи Османи.

Слични содржини