Видов коментари кои што ме шокираа, коментари на истите луѓе кои што толку денови и недели ги плашеа луѓето дека сме направиле предавство, за да вчера и завчера кажат дека тоа е нормално, не може да има поинаков начин на потпишување. Тоа е невоспитано кон сопствените граѓани, да ги плашите и вадите на протести дека нешто е продадено и дека направено е лош протокол, вели шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи за потпишувањето на Договорот со Фронтекс и протестите пред неколку месеци против францускиот предлог.
Според Османи, потпишувањето на Фронтекс е исполнување на важна одредба од протоколот со Бугарија, односно обврска на официјална Софија.
-Никогаш во историјата оваа држава не потпишала договор со Советот на ЕУ, кој што ја содржи клаузулата за јазикот. Дури и Европската комисија, последен пат во свој извештај македонскиот јазик го спомнува во 2005 година, а тоа исчезнува. Такви формулации за да се избегне спомнувањето. Од 2005 првпат се појавува во употреба во европската циркулација. Тежината на тоа што се случи претходните денови можат да ја потценуваат, но нема да можат бидејќи фактите се тука и тоа е издвоено во преговорите со Бугарија и ЕУ, за да биде така во преговарачката рамка, рече министерот на брифинг со новинарите.