Осми декември-„Св. Климент Охридски” неработен ден за сите граѓани

од Nikola Popovski
103 прегледи

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2022 година (четврток), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Климент Охридски”, велат од ресорот.

Свети Климент Охридски (835 – 916) е нашиот најпознат учител. Бил најдобар ученик на големите философи и етичари светите Кирил и Методиј.

Овој најталентиран и најучен човек на Македонија го основал првиот словенски универзитет во Охрид, ја создал кириличната азбука, ги напишал биографиите и пофални текстови за своите двајца учители, бил прочуен проповедник, музичар, агроном, лекар. Тој е првиот Македонец епископ и голем писател. Свети Климент одлично проповедал и е нашиот најпознат етичар.

Слични содржини