Осмомартовски марш на СДСМ денеска во Охрид

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Форумот на жени на СДСМ  денеска, во Охрид, по повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, организира традиционален осмомартовски марш под мотото „Ти си ТАА промена – Заедно за Македонија!“.сдсм

Маршот почнува во 12 часот, од Спортскиот центар Билјанини извори, продолжува по булеварот Туристичка, низ Чаршија и завршува на плоштадот во близина на пристаништето во Охрид.

По завршување на маршот, пред присутните ќе се обратат лидерот Зоран Заев, Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени на СДСМ, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска.