Основачот на Силк Роуд доби доживотен затвор

од Vladimir Zorba
83 прегледи
Рос Улбрихт, познат по својот онлајн прекар Дед Пајрет Робертс (Dead Pirate Roberts), беше осуден по сите 7 обвиненија за создавање на илегалниот веб наркопазар Силк Роуд.
Silk-Road-Marketplace-Felony-Conviction
По одлуката на судот, Улбрихт го очекува доживотен затвор во федерална институција.
На судскиот состав во судот во Менхетн му беа потребни 3 часа, за да го признае за виновен по сите обвиненија. Кога беше уапсен, во компјутерот на Улбрихт беа откриени докази кои го поврзуваат со Силк Роуд, вклучувајќи и обиди да ангажира убиец кој ќе ликвидираат петмина, кои се закануваат да ја нарушат анонимноста на „услугата“. Откриени беа и 3.6 милиони долари во биткоини.
Силк Роуд одеше во анонимната мрежа Toр до 2013 година. Откако беше затворена, стартуваше нов сајт со името Силк Роуд 2.0, кој пак беше запрен во ноември 2013 година.