Основачот на Вагнер го повика Зеленски на пресметка – „Слетавме“

од Radmila Tasevska
257 прегледи

Основачот на руската паравоена формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денес објави видео на кое се гледа како тој во пилотската кабина на воен авион го кани украинскиот претседател Володимир Зеленски на „дуел во воздух“.

Видеото го објави прес-службата на Пригожин, со изјава дека видеото е снимено во пилотската кабина на бомбардерот Су-24, кој го користи групата Вагнер, пренесува Ројтерс.

– Володимир Олександрович (Зеленски), слетавме. Го бомбардиравме Бахмут. Утре ќе летам со МиГ-29. Ако сакаш, да се сретнеме на небото. Ако победите, заземете го Артјомовск (Бахмут). Ако не, напредуваме кон Днепар – му се обрати Пригожин на Зеленски во видео.

Пригожин лани во септември јавно призна дека е основач на групата Вагнер, потсетува Ројтерс.

Минатиот месец, САД ја класифицираа групата како меѓународна криминална организација, а се известува дека околу 50.000 членови на групата моментално се на бојното поле во Украина.

Слични содржини