По денешниот маратонски распит на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. генералниот секретар на владата Кирил Божиновски, како и уште две лица осомничени од Специјалното јавно обвинителство за изборни манипулации, Основниот суд Скопје 1, неколку минути пред полноќ излезе и со официјално соопштение кое ви го пренесуваме ингтегрално.

jankulovska-685x320-670x313

„Пред судија на претходна постапка од одделот за организиран киримнал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска на сослушување се јавија лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В. за кои Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации поднесе предлог за определување мерка притвор за обезбедување присуство заради непречено водење на кривична постапка.
По сослушување на лицата во присуство на нивните полномошници, судијата на претходна постапка, во законски предвидениот рок од 6 часа по завршување на сослушувањето, донесе одлука со која го одби предлогот на обвинителството.
Образложението на судијата на претходна постапка е опфатено во одлуката која е доставена до странките кои имаат право на жалба до овој суд во рок од 24 часа.“, пишува во соопштението.

Слични содржини