Џорџ Клуни со својата харизма ги освои дамите ширум светот, а него го освои младата адвокатка Амал.
Познатиот актер и неговата избраничка се венчаа во 2014 година во Венеција, на прекрасното езеро Комо, каде актерот поседува прекрасна куќа и имот.
Познатиот пар се запознал токму на ова место, на многу необичен начин.
Имено, еден ден му се јавил агентот на Клуни и му рекол дека доаѓа со девојката со која тој ќе се ожени. Клуни се насмеал на оваа забелешка, но неговиот менаџер бил во право и тој и Амал оттогаш се неразделни, а една година по првата средба се венчале.
Актерот признал дека ја воодушевил Амал со „олд скул“ техники и веднаш ѝ напишал љубовни писма.
„Останавме будни цела ноќ и разговаравме и веднаш почнав да ѝ пишувам еден куп писма“, рекол актерот, пренесуваат странските медиуми.
Сепак, и по осум години брак сè уште не им недостига романса, а Џорџ еднаш призна дека тие двајца се уште си пишуваат писма и ги оставаат на перницата.
Да потсетиме, славниот пар има две деца.