Бројот на Британците кои сакаат земјата да ја напушти ЕУ, нагло опадна во последните две години , покажува истражувањето на седиште во САД Pew Research Center, пренесува од ДПА.
Во 2013 година 46% од Британците се изјасниле дека сакаат да ја напуштат ЕУ. Тогаш британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека ќе организира референдум за членството на Велика Британија во ЕУ до крајот на 2017 година, ако освои втор мандат, што беше сторено во почетокот на мај.
По изборната победа во мај на Конзервативната партија само 36% од 1000 испитаници изјавиле дека го поддржуваат напуштањето на ЕУ .
Околу 55% од испитаниците изјавиле дека сакаат Велика Британија да остане дел од ЕУ , во споредба со 46% во 2013 година, соопшти социолошката агенција. Силно мнозинство од млади луѓе сакаат да останат во ЕУ, додека груба половина од постарите Британци се согласуваат , нагласуваат од центарот.
Дипломците Британци и овие левичарските настроенит имаат тенденција да го поддржат останување во ЕУ .
Во Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија, Италија и Полска 61% од 6 илјади испитаници ја поддржуваат ЕУ. Во 2013 година процентот беше 52 отсто.
Шесте држави собираат околу 70% од 506-милионското население на Унијата и 74% од економското производство.
