361
Се очекува производството на вино во Франција да падне на 33,3 милиони хектолитри оваа година, што е за 29 проценти помалку отколку во 2020 година, објави француското Министерство за земјоделство.
Проценетото производство ќе биде најниско во последните неколку децении, поради мразот што ги зафати француските лозја оваа пролет, се додава во соопштението, пренесе Ројтерс.
Како што е прецизирано, годинашното производство на винарии ќе биде 25 проценти под просекот во последните пет години.
Еден хектолитар одговара на количина од околу 133 стандардни шишиња вино.