Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека кинеските воени летови во близина на Тајван изгледаат како „проби“ за напад, иако тој не посочи дека очекува Пекинг навистина да изведе такви операции.
„Не сакам да шпекулирам, но тоа секако изгледаат како проби“, изјави Остин на конференција во Калифорнија.
„Кина никогаш не ја отфрли употребата на сила за да го стави Тајван под контрола и дека секој потег на Пекинг да го нападне островот ќе има „страшни последици“, изјави вчера американскиот државен секретар Ентони Блинкен, додавајќи дека се надева дека Пекинг ќе размисли многу внимателно да „не предизвикува криза“ во Тајванското Море.
Блинкен рече дека Кина се обидува да го промени „статус квото“ во однос на самоуправата на Тајван, остров што го смета за своја територија, и дека Соединетите Држави се „одлучно посветени“ да обезбедат Тајпеј да има средства да се брани.