Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави денеска дека земјите-членки на ОН кои спроведуваат прекин на огнот на Корејскиот полуостров се загрижени дека Кина и Русија ѝ помагаат на Северна Кореја да ги прошири своите воени капацитети, со што ќе му овозможи на Пјонгјанг да ги избегне санкциите на ОН.
Остин ова го изјави на состанокот во Сеул со министрите за одбрана и претставниците на 17-те земји кои ја сочинуваат Командата на ОН (UNC) – телото што го надгледува прекинот на огнот на Корејскиот полуостров, пренесе „Ројтерс“.
UNC ќе биде обединет во секое можно обновување на непријателствата или вооружените напади на Корејскиот полуостров, се вели во заедничката изјава на светската организација и Јужна Кореја.
Исто така, ја осудуваат севернокорејската нуклеарна и балистичка ракетна програма, која ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
Јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-сик изјави дека Пјонгјанг бил предупреден да не презема никакви агресивни дејствија. Седумнаесет земји-членки на UNC, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Австралија и Турција, испратија војници или придонесоа со медицинска помош за време на Корејската војна 1950-1953 година.
UNC имаше мандат да го врати мирот и да спроведе прекин на огнот додека дејствуваше како канал за комуникација со Северна Кореја, а е предводен од командантот на американската војска стационирана во Јужна Кореја.
Северна Кореја во понеделникот го нарече UNC „алатка на САД за конфронтација“ за која рече дека нема никаква врска со ОН и рече дека мора да се распушти за да се спречи нова војна на Корејскиот полуостров.
Воената морнарица на САД и Јужна Кореја оваа недела спроведуваат заедничка воена вежба на источниот брег на полуостровот, соопшти денеска јужнокорејската морнарица.