393
Остра вербална нота до македонското Министерство за надворешни работи, испрати бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, со оглед на тоа дека дел од вевчанскиот карневал беше и палење на бугарското знаме.
Ваквата информација, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева ја сподели на социјалната мрежа фејсбук.
„По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Северна Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вебрален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, се вели во фејсбук објавата на Захариева.