Остри конфликти во Советот за безбедност на ОН во однос на Повелбата

од Radmila Tasevska
143 прегледи

Американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд вчера на седницата на Советот за безбедност на ОН ја нарече Русија „лицемерна“, наведувајќи дека нејзината „незаконска, неиспровоцирана и непотребна војна во Украина удри во срцето на Повелбата на ОН и сè што ни е драго“.

Британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудворд, рече дека „светот виде што значи руската идеја за мултилатерализам – газење на Повелбата на ОН и војна што донесе незамисливо страдање за Украина и катастрофа за Русија“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, сепак, го бранеше она што Москва го нарекува своја „специјална воена операција“, повторувајќи ги обвинувањата дека Украина „промовира нацистички практики“ и забранува руски јазик и култура, и тврдејќи дека „НАТО планира да се прошири во Украина“.

Сепак, тој нагласи дека „не се работи само за Украина“, туку, како што ја нарече, „плановите на Западот да ја искористи украинската влада со надеж дека ќе ја ослабне Русија“.

„Не можеме да го разгледуваме украинското прашање одвоено од геополитичкиот контекст. Станува збор за тоа како меѓународните односи ќе продолжат да се обликуваат преку воспоставување солиден консензус заснован на рамнотежа на интереси или преку агресивно и нестабилно промовирање на хегемонијата на Вашингтон. – изјави Лавров.

Слични содржини