Остров за 15 000 долари, кој сега чини милиони

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Во почетокот на годината Џони Деп и Амбер Херд си рекоа “да” прво за време на тајна церемонија во неговиот дом, а малку потоа – на плажа на островот на холивудската ѕвезда на Карибите.896691729f3ac347170763ba67c675a5

Всушност актерот од “Пиратите од Карибите” не е единствената славна личност која има свој остров.

Леонардо ди Каприо, на пример, сака да гради екокорт на својот приватен остров во близина на брегот на Белизе .

На некои од “обичните смртници” луѓе сепак судбината исто им се насмевнува. Парот Австралијци ја споделуваат својата инспиративна приказна за тоа на кој начин станаа горди сопственици на мал остров и како се оствари нивниот сон.

Во 2005 година Мелина Хантер и сопругот Рори се преселија за една година во Камбоџа , заради бизнис обврски на мажот во Пном Пен . Во 2006 година двајцата требало да заминат да живеат во Њујорк, но тоа никогаш не се случило, бидејќи двајцата добиле неодолива понуда.

Локалните жители им, предложиле на Австралијците да купат мал остров, кој се наоѓа на помалку од 30 километри од брегот на Камбоџа само за 15 000 долари . Двојката се согласила и иако нивните планови да се создаде островската идила се остварувале бавно, поради болеста на Мелина, двајцата сепак ја исполниле желбата.

Фото: Song Saa

Во моментов на островот се наоѓа вилата-одморалиште Song Saa, кој се состои од вкупно 27 вили . Оние кои сакаат да почиваат таму можат да го сторат тоа за 869 долари на ден .Некои од најбогатите луѓе во светот, пак, имаат можност да купат за себе некоја од вилите, чии цени се движат помеѓу 600 000 и 1,75 милиони долари .

Во нашата галерија може да го видите малиот рај на семејство Хантер во Камбоџа.

f3ef46066d09f18c6d937db00d316870 bccb479d3b96bd4a80fb9d95b546c4ee a1c0bb2cdb0be67dd6a6b5fadce8c7cf 130b3c8b519242e29125ce96a9e9aeac 8e41a59280893a826316daa495824d88 8f1bae884d69d00f51b25f4310c0eff4 53a935148dff8925369dae0bf9f694b5 e8ec3620fd93fa2d986f1b6f634b191c f9da17bb3ad8ce4d7e57df22dd8bc472 ad6ec7f4bf20319972ef4e776d1b9ef7 232d4d9897f15545d56a3bfb98c3e86e e402c751faadcbcc3c53a0c71dc1be20 e192d93faf44e6624ed17ea87b0296c2