Осуден основачот на крипто берзата Binance: Перел пари на Ал Каеда и Хамас

од Илинка Илиоска
286 прегледи

Основачот на водечката светска берза за криптовалути Binance, Жао Чангпенг, вчера беше осуден на четири месеци затвор откако се изјасни за виновен за обвиненијата за перење пари.

„Зборовите не можат да изразат колку длабоко жалам за изборот што го направив што ме доведе до тоа да застанам пред судот. Бидете уверени дека тоа никогаш повеќе нема да се случи“, рече Жао на изрекувањето на пресудата во американскиот федерален суд во Сиетл, пренесе Си-Ен-Ен.

Жао, чиј имот се проценува на околу 40 милијарди долари, исто така се согласи да се повлече од функцијата извршен директор на Бајненс и да плати казна од 200 милиони долари.

По повеќегодишна истрага, американските власти во ноември објавија дека Бајненс дозволил таканаречените „лоши актери“ да работат на платформата, овозможувајќи трансакции поврзани со сексуална злоупотреба на деца, наркотици и финансирање тероризам. Ова вклучуваше трансакции поврзани со терористички организации како Ал Каеда и Хамас.

Имено, поранешниот извршен директор на Binance поднесе оставка на крајот на 2023 поради обвиненијата покренати против него и неговата крипто компанија, која е најголемата крипто берза во светот. Binance мораше да плати казна од огромни 4,3 милијарди долари. Ова ја намали неговата казна, која обично носи до 10 години затвор за наводните обвиненија.

Слични содржини