Маж од Јужна Кореја е осуден на условна затворска казна од една година, бидејќи наводно намерно се здебелил повеќе од 20 килограми за да избегне воена служба, соопшти денеска судот во Сеул.
Судот соопштил дека и пријателот на лицето добил условна казна од една година затвор затоа што му помогнал да избегне воена служба, пренесе АП.
Локалните медиуми објавија дека и двајцата биле на возраст од 26 години.
Во 2017 година мажот тежел 83 килограми, но по советот на неговиот пријател дека може да ја избегне воената служба доколку има вишок килограми, тој го удвоил дневниот внес на храна и се фокусирал на висококалорични прехранбени производи.
На три прегледи од 2022 до 2023 година тој тежел од 102 до 105 килограми, со што не му било дозволено да одработи цивилна воена служба.
Сите воено способни полнолетни лица во Јужна Кореја мора да служат војска најмалку 18 месеци.
Според „Korea Herald“, мажот на првиот лекарски преглед бил оценет како способен да служи војска. Но, на последниот преглед минатата година, тој тежел повеќе од 102 килограми, па лекарите заклучиле дека не е во позиција да посетува борбена обука.
Пријателот, кој му го предложил планот за исхрана, ги отфрлил наводите за помагање, се наведува.