Рускиот суд ja осуди Љубов Собол, блиска соработничка на критичарот во Кремљ, Алексеј Навални, на 18 месеци условна казна, откако ја прогласи за виновна за поттикнување луѓе да ги прекинат рестриктивните мерки за борба против пандемијата на коронавирус.
Собол, која тврди дека обвинението против неа е политички мотивирано, беше обвинета по неовластен уличен протест за поддршка на Навални претходно оваа година.
Наложено ѝ е да остане во својот дом помеѓу 22 часот и 6 часот наутро 18 месеци, забрането ѝ е да присуствува на масовни настани и мора да се јавува во полиција три пати месечно. Таа првично беше ставена во домашен притвор.
За истото дело им се суди на неколку блиски сојузници на Навални, меѓу кои и неговиот брат. Самиот Навални издржува две и пол години затвор за кршење на условната слобода во случајот на проневера, за која вели дека била измислена.
Сојузниците на Навални ги обвинуваат властите дека го користат законот за да ги задушат гласовите на противниците пред парламентарните избори во септември, пишува „Хина“.