Осум лица убиени во вооружен напад во Калифорнија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
419 прегледи

Осум лица биле убиени денеска во вооружен напад на железничко депо во Сан Хозе, во американската држава Калифорнија, соопштија официјалните лица, наведувајќи дека и осомничениот напаѓач е мртов.

Нападот се случил околу 6,30 часот наутро во депото во Сан Хозе, во чија близина се наоѓаат полициската администрација на округот и автопатот што води кон аеродромот.

Портпарол на шерифот во областа Санта Клара, Расел Дејвис, изјави дека осомничениот напаѓач е вработен во компанијата ВТА, која обезбедува превоз со автобус и железница низ тој округ.

Шерифот на округот Лори Смит изјави дека „не е утврдено“ како е убиен напаѓачот.

Дејвис рече дека не знае дали вооружениот напад се случил внатре или надвор и дека меѓу жртвите има и вработени во ВТА.

Градоначалникот на Сан Хозе, Сем Ликардо изрази жалење на прес-конференцијата поради „ужасниот ден“ за тој град. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусам, преку Твитер се огласи и напиша дека неговата канцеларија е во постојан контакт со локалната полиција и ја следи ситуацијата.

Слични содржини