Џејмс Бонд може и да е еден од најпопуларните шпиони на светот, но филмовите за Агентот 007 им носи приходи на своите автори не само од продажба на билети. Омилениот таен агент на Велика Британија очигледно е и многу добар продавач, бидејќи новиот филм од серијалот “Спектар” има најголем број на брендирани производи од кој и да било друг до сега.
За време на лентата платиле цели 17 компании – од пивото “Хајнекен”, до шампањ “Болинџер” и мобилните телефони “Сони” до часовниците “Омега”, пишува “Дејли мејл”. Покрај релативно новите реклами на агентот, во новиот филм место наоѓаат и некои класични марки, кои го добиле овој свој статус делумно токму заради Бонд.
Во “Спектар” повторно ја гледаме омилената на шпионот марка автомобили “Астон Мартин”. Сепак не недостасуваат реклами и на други автомобили како “Рејнџ Ровер” и “Јагуар”. Акционен филм од рангот на “Спектар” не може да не вклучува и оружје. Токму од тоа профитира и компанијата “Зиг Зауер”, чиј пиштоли исто наоѓаат место во лентата. Освен пивото “Хајнекен”, во чии реклами учествува самиот Даниел Крег како Џејмс Бонд, и шампањското “Болинџер”, меѓу другите омилени марки алкохол на агентот е и слаткото виски “Макалон”. Тоа може да биде видено на масата во домот на агентот. Бонд пие и вотка, а неговата марка е “Белведере”.
Покрај техника, автомобили и алкохол, во “Спектар” има и многу реклами на модни брендови. Модели на Бонд повторно се дело на дизајнерот Том Форд, но 007 може да биде виден и во облеката на “N.Peal”, а меѓу другите рекламни брендови е и италијанската “Мишо”.