Освежениот Peugeot 2008 доаѓа и како хибрид, e-2008

од desk4
294 прегледи

Французите претставија редизајнирана верзија на нивниот бестселер од сегментот B SUV, кој се нуди како бензин, дизел, како хибридна и сега во помоќна електрична верзија.

 

Peugeot претстави редизајнирана верзија на својот SUV од Б-сегментот од 2008 моделот, еден од најуспешните автомобили во многу конкурентен сегмент во Европа. Втората генерација на 2008, која пристигна на пазарот во 2019 година, досега е продадена во повеќе од 700.000 примероци, а во 2021 година беше најпродаваниот автомобил во својата категорија. Продажбата беше зголемена со електричниот модел e-2008, кој сега доаѓа со поголем капацитет на батеријата.

 

Атрактивната надворешност не требаше драматично да се менува, па Французите направија класично освежување. Робустноста на градскиот теренец е сè уште тука, со малку позаоблен преден дел и со нова маска.

 

Новите светла кои ќе ги красат сите идни модели на Peugeot се издвојуваат од другите, а се карактеризираат со три вертикални светлечки канџи кои се интегрирани во браникот. Позади, сега има LED светла на сите верзии со три симболични лавовски канџи.

 

Новиот Peugeot 2008 сега доаѓа стандардно со системот Peugeot i-Connect. Со системот се управува преку сега стандардниот централен 10-инчен (претходно 7-инчен) дисплеј на допир со висока резолуција во сите модели, кој е лесно приспособлив, има повеќе прозорци со графички контроли или кратенки, е многу лесен за употреба и брз како паметен телефон.

 

Новите предни и задни камери за помош при паркирање сега нудат слика со висока резолуција. Како опција, се нуди и проекција на слика од 360° од непосредната околина на автомобилот.

 

Новиот e-2008 сега доаѓа со помоќен електричен мотор од 156 КС, додека капацитетот на батеријата е зголемен од 50 kWh на 54 kWh. Така, досегот со едно полнење е зголемен од 345 на 406 километри според WLTP.

 

На почетокот на 2024 година, новата 2008 ќе добие нова 48V хибридна погонска група составена од новата генерација на бензински мотор PureTech со 136 коњски сили и нов 6-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Во градско возење, новата 2008 опремена со хибриден систем може да работи повеќе од 50% од времето во 100% електричен режим без емисија на штетни гасови.

 

 

Слични содржини