Рецепт за кремасто задоволство за кое не е потребна рерна.
Состојки:
(за основа)
– 150 гр ореви (по желба), потопени во вода најмалку осум часа
– 150 гр урми
– 5 лажици кокосово брашно
– 1 прстофат сол
(за крем)
– 3 зрели авокада
– 250 гр кокосов јогурт
– 50 мл мед
– 1 1/2 лажици кокосово масло
– 60 мл свежо исцеден сок од лимета
– рендана кора од 1 лимета
Подготовка:
Намачкајте го калапот за колач со кокосово масло.
За подлогата крупно исечкајте ги натопените ореви. Додадете ги урмите, кокосовото брашно и солта, па мешајте додека се убаво да се соедини и смесата да стане густа.
Со раце цврсто притиснете ја смесата во калапот за колач. Оставете на страна.
Ставете ги авокадото и кокосовиот јогурт во блендер или процесор за храна и измешајте додека не се изедначи.
Додадете мед, кокосово масло, сок и кора од лимета и мешајте додека смесата не стане кремаста.
Истурете ја смесата врз основата и ставете го колачот во замрзнувач да се стегне околу час или два.
Извадете го колачот од замрзнувачот 15 до 20 минути пред послужување.