Освежителен пијалок од банана и портокал

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Состојки:

(за 2 лица)

– 3 портокали

– 1 банана

– 1 лажица сок од лимон

– 1 лажичка мед

– цимет

Подготовка:

Исцедете ги портокалите. Излупете ја бананата и изблендирајте ја во блендер додавајќи го сокот од лимон.

Додадете една лажичка мед, сокот од портокал и прстофат цимет.

Се добро измешајте. Послужете го пијалокот веднаш.

Слични содржини