Освоила 2 милиони на лотарија, сопругот ја убил неа и нивната ќерка и извршил самоубиство: Се расправале за пари…

од Stefanija Kuzmanovska
463 прегледи

Маж од Оклахома ја убил својата сопруга и едногодишната ќерка, и извршил самоубиство девет месеци откако жената освоила два милиони долари на лотарија.

Тифани Хил (31), нејзиниот сопруг Џон Донато (42) и нивната ќерка Лиен (1) во петокот беа пронајдени мртви во дом во Оклахома.

Полицијата соопшти дека Донато ги застрелал сопругата и ќерката, пред да изврши самоубиство, пренесе „Сан“.

Двојката починала на лице место, додека девојчето било префрлено со хеликоптер во болницата во Далас, но не успеале да ја спасат.

Хил минатиот ноември освои два милиони долари на лотарија, по што се омажи за Донато.

Двојката имала уште три деца и семејството се преселило во Оклахома по венчавката.

Според полицијата, во моментот на пукањето во куќата биле три деца, но тие не се повредени.

Тереза ​​Мекги, адвокатката на семејството, рече дека парите освоени на лото биле посебна спорна точка за парот.

Семејството на жртвата изјави дека Тифани сакала да избега од таа врска бидејќи Донато станал насилен.

Според медиумите, Тифани правела план да избега од насилниот брак, кога нејзиниот сопруг ја убил.

Исто така, беше отворена страница на „GoFundMe“ за семејството за покривање на трошоците за погреб.

Слични содржини