Во обид да ѕирне во секое ќоше на планетата, камерите на Guglove Street View, кои снимаат под агол од 360 степени, се качија на самиот врв на Монблан за да им овозможат на корисниците на интернет да ја доживеат неговата величенствена панорама, останувајќи притоа во топлината на својот дом.

Висок 4.810 метри, Монблан е друг највисок врв во Европа, а благодарејќи на Гугл стрит сега е можно да се прошета од фотеља по овие алпски масиви сместени во Франција.
Во остварувањето на овој проект, тимски работеле шест фотографи, скијач и планинар кои со камери и ранци тргнале по најпознатите стази во лети и во зима.
Со помош на Гугл досега беше можно да се качите од една до друга база на Монт Еверест, на врвот на планината Фуџи во Јапонија и познатата карпа Ел Капитан во Калифорнија.