Отчукувањата на срцето на кучето се зголемуваат за 46 отсто кога неговиот сопственик ќе каже „Те сакам“, покажува истражување

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Дали некогаш сте се запрашале колку вашето куче навистина ве сака?

Во студијата спроведена од Canine Cottages, на четири различни кучиња им беа дадени специјални јаки за следење на отчукувањата на срцето за да откријат што ги возбудува при интеракција со нивните сопственици. Комбинирајќи ги податоците за следење на отчукувањата на срцето на овие четири кучиња во текот на седум дена, нивниот просечен пулс беше 67 отчукувања во минута. Но, кога нивните сопственици ќе им кажат: „Те сакам“, нивното „отчукување на срцето“ вртоглаво ќе порасне за 46 проценти до 98 отчукувања во минута!

Истражувањата покажаа и дека на стабилизирањето на отчукувањата на срцето влијае и гушкањето. Според студијата, отчукувањата на срцето на кучињата во минута се намалиле во просек за 23 проценти – од 67 на 52 – додека нивните сопственици ги галеле.

Студијата го следела и отчукувањата на срцето на сопствениците за да се спореди колку ги сакаат своите миленици: резултатите покажале дека пулсот на сопствениците се зголемил во просек за 10 проценти кога го виделе своето куче по одредена пауза.

Кучето покажува наклонетост кон својот сопственик најчесто на овие пет начини.

* Куче кое се витка покрај сопственикот, во скут или пред неговите нозе, е јасен и очигледен знак на љубов, бидејќи кучињата тоа го прават само со луѓе околу кои се чувствуваат удобно.

* Кога кучињата се поздравуваат, мавтаат со опашката лево-десно, скокаат и се вртат додека гледаат кон саканиот.

* Кучињата покажуваат наклонетост со носење играчка, сигнализирајќи дека доволно ѝ веруваат на личноста за да си игра со неа.

* Ако кучето го покажува својот стомак, или спие на грб со кренати гради, тоа е знак на доверба и љубов: оваа поза покажува дека кучето доволно им верува на луѓето околу него за да се стави во ранлива положба.

* Кучето ќе покаже љубов со тоа што ќе дојде кај некого на кого му верува, ќе ја подигне шепата или ќе легне до некој со главата во скутот.

Неверојатно е како на нашите кучиња им се зголемуваат отчукувањата на срцето кога ќе им кажеме дека ги сакаме, а нивниот пулс се забавува кога ќе ги галиме. Освен тоа, интересни се сите прекрасни начини на кои нашите миленици ја покажуваат својата љубов кон нас. Од овие податоци, сега и официјално можеме да кажеме дека нашите кучиња навистина не сакаат!

Слични содржини