На 14.03.2016 година околу 18.00 часот во Струга две непознати лица извршиле разбојништво над Д.П. (27) од с.Богомила, велешко. По претходен договор за купопродажба на ПМВ „БМВ“, Д.П. дошол во Струга и се сретнал со лицето договарач Телемак „Н“ и уште едно непознато лице. Во еден момент му впериле пиштол во слепоочницата, му ставиле платнена прекривка и бил удиран по главата.
Исчезна 25 годишна девојка од Арачиново
Притоа му одзеле паричник во кој имало лична карта, 1.300 денари, трансакциски картички од банки, 6 400 евра и мобилен телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
