Откако брутално ја претепа во 2009 година: Крис Браун ѝ честита на Ријана што стана мајка

од Stefanija Kuzmanovska
363 прегледи

Крис Браун ѝ честиташе на Ријана што се оствари како мајка и роди син.

Ријана се породи на 13 мај во Лос Анџелес, роди момче, чие име се уште не го открива, а она што ги шокираше сите е тоа што нејзиното поранешно момче Крис Браун, кој брутално ја претепа во 2009 година, ѝ го честита раѓањето на детето.

Крис се огласи на Инстаграм и напиша „Честитки“ со емотикон од срце.

Да потсетиме, раперот Крис Браун го навлече гневот на јавноста кога ја претепа Ријана во 2009 година, ноќта пред доделувањето на Греми наградите. Како што беше пренесено во тоа време, причината за ужасниот инцидент била друга девојка, бидејќи тој и претходно ѝ признал дека бил неверен. Тие тогаш биле на забава, кога се појавила жената со која тој имал афера, иако Браун нагласил дека тој не се појавувал на настаните каде што тие доаѓале, додека Ријана по сцената била бесна и плачела.

– Се сеќавам дека ме удри, а потоа силно ја удрив со тупаница. Ја исеков нејзината усна. Кога ја видов крвта, се шокирав, се степавме во автомобил додека возев – изјави своевремено Крис за американските медиуми.

Слични содржини