Откако Чендлер ги загрижи сите со чудното однесување, откриено е за што станува збор

од Vladimir Zorba

Возбудата и хистеријата што владееше со враќањето на „Пријателите“ ја засенија грижата за еден од главните актери, Метју Пери (51).

Имено, откако неодамна беше објавен првиот трејлер од долгоочекуваното продолжение на серијата, неговото однесување за многумина беше чудно затоа што зборуваше нејасно за време на разговорот и гледаше празно.

Фановите изразија жалење затоа што сметаа дека актерот подлегнал на зависноста со која се бореше со години. Сепак, британски „Сан“ открива дека пред интервјуто, Пери всушност бил на забар и имал болка.

„Членовите на неговиот тим изјавија дека тој бил на итен зафат на стоматолог порано тој ден. Имал болки, а тоа влијаеше на неговото однесување и затоа зборуваше нејасно. Никој не сака да даде интервју по забна процедура, но се случува“, објасни изворот.

Да потсетиме, актерот имаше проблеми со алкохол и дрога, па еднаш призна дека не памети скоро три години од снимањето на серијата.

„Не се сеќавам на три години. Таму некаде помеѓу третата и шестата сезона. Бев малку надвор од тоа“, рече тој во тоа време. Сепак, поновите информации за неговото здравје ги сподели неговиот очув Кит Морисон.

Тој рече дека Метју пред две години бил подложен на огромна операција на стомакот. Во ноември минатата година тој откри дека бил верен со 29-годишната Моли Хурвиц, по што наводно е во многу подобро здравје, а исто така изгледа и подобро на фотографиите.

Слични содржини