Генералниот директор на АД „МЕПСО”, Ева Шуклева не поднела анкетен лист по изборот за претседател на Надзорниот одбор на АД „Мепсо” во 2017 година, велат од Државната комисија за спречување на корупција.
– Од прибавените податоци од „МЕПСО” произлегува дека истото лице на 25.7.2019 поднела неотповликлива оставка од функцијата член и претседател на Надзорниот одбор на АД „МЕПСО” и нема поднесено анкетен лист, но ова е застарено поведување. Со одлука од 26.7.2019 година Ева Шуклева е именува за член и претседател на Управниот одбор на АД „МЕПСО” со назив генерален директор и нема поднесено анкетен лист, но исто така и ова е застарено, согласно Законот за прекршоци. Со одлука од 1.12.2020 година Ева Шуклева е отповикана од функцијата член и претседател на Управниот одобор со назив генерален директор и во овој случај нема поднесено анкетен лист и не е доставено за да може да се поведе прекршочна постапка, беше наведено на седницата на ДКСК.