Откако ги направи сите “бељи”, сега С. Арабија бара нови сојузници

од desk3
78 прегледи

Пред една година Саудиска Арабија започна воена офанзива во Јемен. Таа сепак не се круниса со особен успех. И сега Ријад се надева на нови сојузници и нова дипломатска офанзива.

“Северна грмотевица” – така беа крстени заедничките воени вежби на Саудиска Арабија и нејзините сојузници од “Исламскиот сојуз”. Тие беа одржани во февруари во северниот дел на земјата, во близина на границата со Ирак и недалеку од Персискиот залив. Во вежбата учествуваа над 150 000 војници од 20-те земји од Алијансата, меѓу кои Пакистан и Малезија, Мавританија, Сенегал и Судан, како и северноафриканските Тунис, Мароко и Египет. Со други зборови: овие вежби требаше да покажат политичкото единство на сунитските држави по значајни прашања.

0,,19109685_303,00

Општите политички цели им се фокусираат главно на две теми. Врз борбата против тероризмот на џихад-групите како т.н.. “Исламска држава” (ИД) и Ал Каеда. И на демонстрацијата на единство против Иран, кој, според нив, се повеќе без пардон го зголемува своето влијание во регионот.

Во центарот на овие претензии сега се главно две држави – Сирија и Јемен. веќе една година Саудиска Арабија е на чело на арапската коалиција “Решителни бура”, која води жестока војна во Јемен. За разлика од бомбастичното име на Алијансата, операцијата не донесе многу успеси, барем во контекст на целите кои си ги беше поставила Саудиска Арабија. А таа сакаше пред се да го заштити јеменскиот претседател Абд рабо Мансур Хади, кој беше протеран од престолнината Сана од племенската група на хусите. Хусите важат за партнер на Иран. Во Ријад сметаат дека Иран ги користи од немирите во Јемен, за да го зголеми своето влијание на целиот Арапски Полуостров.
Водството на принудата?

Борбата за превласт меѓу Саудиска Арабија и Иран се засили особено по успешното завршување на преговорите за иранската нуклеарна програма. Кралството стравува дека со приходите од извозот на нафта Иран може да финансираат експанзивна стапка во регионот.

Декласифицирано: И “Гугл” учествувал во обидот за преврат против Башар ал Асад

И бидејќи САД ги ограничија обврските во регионот, Саудиска Арабија се гледа принудена да ја преземе водечката улога. “Саудиска Арабија знае дека врз основа на својата позиција во исламскиот и арапскиот свет веќе не може да се задоволува со улогата на набљудувач и само да ги констатира последиците од се поострите политички прашања и безбедносни прашања”, напиша пред неколку дена коментаторот Хусеин Шобошки во весникот “Ал Шарк ал Авсат”.

Сепак, се чини дека водечката улога не е на дофат на Ријад. Саудиска Арабија има армија од 230 000 војници. “Сепак, тие не се доволни ако кралството се ангажира во повеќе воени операции во Јемен, Бахреин и евентуално во Сирија и други земји”, напиша неодамна сајтот “Ал Монитор”.

0,,19000229_404,00

До овој момент интервенцијата на Саудиска Арабија во Јемен нема постигнато речиси никакви воени успеси. Хусите сеуште го контролираат главниот град Сана и региони во северниот дел на земјата. Тие не беа суштинско ослабени ниту од војските на претседателот Мансур Хади, ниту од коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Симбол на нивната непоколеблива волја за борба стана јужниот јеменски град Таис. “Хусите го држат под опсада градот и го бомбардираат веќе 11 месеци наваму”, вели главниот лекар на една локална болница во разговор со “Ал Монитор”. Во меѓувреме 37 медицински центри и болници ги откажаа своите активности поради недостаток на лекови. Две третини од 600 000-те илјади жители на градот веќе го напуштиле. Според податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, тие се дел од вкупно 2,4 милиони внатрешни бегалци во Јемен. Над 8 000 лица загинале за време на војната.

А Русија и Турција?

Моментално Саудиска Арабија се обидува да привлече уште сојузници на своја страна. На крајот на јануари кралот Салман прими висока делегација од Турција, предводена од премиерот Давутоглу. Во неа беа вклучени министрите на повеќето важни ресори. За време на разговорите стануваше збор за економски договори, но и за заедничка политичка линија. Уште пред година турскиот претседател Ердоган остро го критикуваше новиот ирански курс во интервју за француската телевизија France24.

Саудиска Арабија води во исто време и интензивен дијалог со Русија. Повлекувањето на руските војници од Сирија е сигнал и кон Башар Асад дека Москва нема намера да го поддржува по секоја цена. И во Ријад брзо го сфатија тоа. “Руската дипломатија им даде на дипломатите од Заливот да разберат дека Москва е подготвена да отвори нова страница во сирискиот конфликт. Во замена за тоа Русите очекуваат активна соработка од страна на земјите од Персискиот залив во борбата против тероризмот и поддршка на нивните напори да спречат проширување на власта на фундаментални групи “, напиша аналитичарка Рахида Даргхам во весникот” Ал Шарк ал Авсат “.

Од друга страна руското повлекување е сигнал и кон Иран. Пораката на Москва вели дека Русија нема многу голем интерес од подемот на еден шиитски сојуз меѓу Иран, Сирија, Ирак и либанските милиции на Хезболах. Оваа порака најверојатно ќе ја смири Саудиска Арабија. Што се однесува до конфликтот во Јемен сепак – тоа може во најдобар случај да ги омекне во среднорочна перспектива.