Откако ја растури ЕУ, Фараж се појави во САД за поддршка на Трамп

од desk3
92 прегледи

Поранешниот лидер на евроскептичната и антиимгрантска британска Партија за независност на Обединетото Кралство Најџел Фараж се вклучи во кампањата на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, пренесоа светските агенции.

0000313512-article2

Фараж учествуваше во предизборна манифестација на Трамп во градот Џексон во Мисисипи. Пред симпатизери на милијардерот тој изрази поддршка за неговата кандидатура и ја спореди неговата кампања со онаа која тој ја водел за излегување на Британија од ЕУ. Фараж потсети дека кампањата постигнала успех со резултатите од референдумот на 23 јуни – гласање преку кој Британците ја добиле можноста да ја вратат контролата врз земјата.

“Сите мислеа дека нашата кампања ќе изгуби, но успеавме”, рече Фараж.

Трамп, според анкетите на јавното мислење, заостанува зад конкурентката од Демократската партија Хилари Клинтон со 41,5 проценти наспроти 47 проценти, потсетува Франс прес.

“Има милиони обични Американци кои се почувствуваа напуштени, кои доживеаја тешки искушенија, кои имаат чувство дека политичката класа во Вашингтон се отцепи од нив”, изјави Фараж на митингот на Трамп. “Сега вие имате неверојатен повод да ги побиете прогнозите на социолошките агенции, вие можете да ги победите коментаторите, вие можете да го победите Вашингтон”, рече Фараж на симпатизерите на Трамп.

“Ако бев просечен Американец, немаше да гласам за Хилари Клинтон, дури и да ми плати”, додаде тој. “Дури и таа да ми плати, немаше да гласам за неа, рече уште Фараж.

Истовремено во интервју за телевизијата Фокс њуз Трамп повторно ја промени својата позиција за миграцијата, пренесоа американските медиуми.

Откако се закани дека ќе ги депортира 11-те милиони нелегални имигранти во САД, сега тој рече “ние ќе работиме со нив”. Трамп сепак додаде дека за овие мигранти нема да има државјанство и нема да има амнестија, но повтори дека ако биде избран за претседател, неговата администрација ќе работи со нив. Тој призна дека ќе биде тешко да се депортираат луѓе кои живееле во САД со децении и одгледале цели семејства таму.

Се очекува Трамп да претстави нова имиграциона политика следната недела. Според аналитичарите тој ќе се откаже од планот за депортација на илегалните мигранти и ќе претстави план, кој е поблиску до оние на неговите поранешни конкуренти за претседателската номинација на Републиканската партија.