Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во светот – Кристијано Роналдо, потврди дека неговата партнерка Џорџина Родригез е бремена.
Таа очекува близнаци.
Португалецот ја објави веста на социјалните мрежи придружувајќи ја со снимка од ултразвук.
„Нашите срца се полни со љубов. Едвај чекаме да ве видиме“, се вели во објавата.
View this post on Instagram
Убавите вести кои ги соопшти португалската ѕвезда ги надмина сите досегашни објави на Инстаграм кои некогаш биле објавени од спортист. Неговиот најголем ривал е Лионел Меси кој само за кратко бил рекордер откако објави дека ќе премине во ПСЖ, објава која добила 22 милиони лајкови.
Двајцата се пар од 2017 година, а имаат една заедничка ќерка – Алана Мартина (4 години).
Роналдо е татко на уште три деца од сурогат мајки – Кристијано Џуниор (11 години) и близнаците Ева и Матео (4 години).