Откако објавија дека се разведуваат, Софија Вергара и Џо Манганиело се борат за кучето Баблс

од Vladimir Zorba

Софија Вергара и Џо Манганиело објавија дека се разведуваат само неколку дена откако нивната сакана чивава Баблс наполни 10 години, а актерката и приреди роденденска забава со тропска тематика.

Според американскиот магазин US ​​Weekly, наскоро бившите сопружници сè уште работат на деталите за разводот. „Има уште неколку спорни точки кои треба да се разработат, а една од нив е кој ќе го добие кучето Баблс“.

Извор близок до двојката актери откри за публикацијата дека Софија „се надева на разделба на мирен, искрен начин“.

Обожавателите на славната двојка се сеќаваат на приказната за чивавата Баблс, која влегла во нивните животи затоа што Софија сакала куче, но чивавата брзо се зближила со Џо.

„Колку и да ме каснеш, секогаш ќе те сакам“, напиша актерката на Инстаграм откако го прослави роденденот и додаде фотографија од кученце во фустан со леопард принт.

Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ во 2021 година откри дека на почетокот немала најдобар однос со Баблс.

„Таа ме мрази. Таа требаше да биде мое куче, а кучето е опседнато со Џо“, му рекла таа на Џими Фалон.

Во други интервјуа, таа зборуваше и за тоа колку Баблс им е важна, а еднаш изјави дека нејзиниот сопруг се однесува со неа како да е нивна ќерка.

Слични содржини