Откажан мечот Босна и Херцеговина – Израел

од Симе Стоиков
165 прегледи

Пријателскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Израел, кој требаше да се одигра во вторник на 26 март на Грбавица во Сарајево, е откажан.

Двете селекции испаднаа во полуфиналето од плеј-офот за Европското првенство, а по поразите од Украина и Исланд стигна веста за откажување на натпреварот.

Претседателот на ФС на Израел, Шино Зоерц во изјава за тамошните медиуми истакна дека една од причините за откажувањето на натпреварот е тензичната ситуација.

„Поради тензичната ситуација, УЕФА ме контактираше веднаш штом завршија натпреварите и ме прашаа дали можеме да го откажеме натпреварот против Босна и Херцеговина, што е незначаен за двете репрезентации.

„Сигурен сум дека ФС Босна и Херцеговина ќе направеш се за да обезбеди добар домаќински пречек, но во сегашните околности и тие се согласија со откажување на натпреварот“, изјави Зоерц.

Израелците тврдат дека мечот на Грбавица е откажан во соработка меѓу двете федерации и УЕФА, а многумина овој потег ќе го прогласат за целосно оправдан.

Слични содржини