Претседателот на Јужна Осетија Алан Гаглојев денеска го повлече указот за одржување референдум за присоединување кон Русија.
Гаглојев истакна дека ја поддржува иницијативата за понатамошна интеграција, но нареди да се одржат консултации со Москва за целиот комплекс прашања поврзани со тој процес, пренесува „Спутник“.
Тој посочи дека е недозволиво еднострано решение на проблемот, кој ги засега легитимните права и интереси на Русија.
Референдумот поранешниот претседател на Јужна Осетија го распиша на 17 јули, откако Уставниот суд на самопрогласената република, која се отцепи од Грузија, даде позитивно мислење.
Гаглоев, кој победи на претседателските избори во Јужна Осетија на 14 мај, тогаш изјави дека референдумот за приклучување кон Русија ќе се одржи кога Москва рече дека е време за тоа.