Откриен доверлив извештај: Путин се лекува од рак?

од Nikola Popovski
271 прегледи

Здравјето на Владимир Путин е предмет на интензивни дискусии во администрацијата на Бајден, пишува Newsweek.

Имено, во мај американските разузнавачки служби објавиле голема проценка за ситуацијата во Русија.

Во еден доверлив американски извештај се наведува, пишува Newsweek, дека Путин бил подложен на третман за напреднат рак, во април. Ова за овој медиум го потврдиле тројца високи разузнавачи кои ги виделе извештаите.

Исто така, американските разузнавачи пишуваат дека во март имало обиди за атентат на Путин.

„Стисокот на Путин е силен, но веќе не е апсолутен“,вели еден висок разузнавач со директен пристап до извештаите. Велат дека во Кремљ веќе се помириле.

Сите тројца функционери еден од канцеларијата на директорот на националното разузнавање, еден пензиониран висок офицер на воздухопловните сили и еден од Одбранбената разузнавачка агенција – предупредуваат дека изолацијата на рускиот лидер му отежнува на американското разузнавање прецизно да го процени статусот на Путин и здравје.