Откриен двојник на Сонцето кој ги голта своите планети

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Научниците најдоа во соѕвездието Кентаур необична ѕвезда која личи на Сонцето по својата осветленост и маса. За неколку милијарди години ѕвездата “изела” половина од своите планети, открија американските научници. “Тоа не значи дека истото може да се случи со Земјата. Од друга страна, нашето откритие сведочеше дека планетарните системи можат да доживеат многу бурни и сурови периоди. Ова би можело да се случи и во нашиот сончев систем “, изјави Џејкоб Бин од Универзитетот во Чикаго.

Бин и неговите колеги дошле  до откритието набљудувајќи ја ѕвездата HIP68468 која се наоѓа на 300 светлосни години од Земјата во насока на соѕвездието Кентаур.

За истражувањето тие ја користеле алатката HARPS, која ги бара планетите по промената во спектарот на ѕвездите. Проучувајќи го спектарот на светилката што по своите димензии, осветленост и возраст личи на Сонцето, научниците откриле необични линии на апсорпција и емитување. Овие линии сведочат за присуството во утробата на светилката на необични за неговата возраст и тип материи: литиум, железо и други елементи потешки од водородот и хелиумот.

Оваоткритие ги изненадило целосно научниците. Тоа зборува за тоа дека ние или грешиме со проценката на возраста на ѕвездата, или зборува за посебниот однос на HIP68468 со нејзиното планетарно семејство.

Околу “двојникот на Сонцето” денес се вртат две планети – “Супер Земја”, три пати потешка од нашата планета, и горечки Нептун, чија маса шест пати ја надминува земната. Овие две планети се наоѓаат многу блиску до HIP68468.

Орбитата на првата е десет пати поблиску до него, отколку што е Меркур до Сонцето. Втората е сместена на современата орбитата на Венера. Слични позиции на планетите зборуваат за тоа дека тие денес се наоѓаат не на своите места.

Небесните тела мигрирале во насока HIP68468 по своето формирање.

Џејкоб Бин смета дека причината за големите количини литиум во светлечката планета се должат на фактот дека HIP68468 изел една или две планети во блиското минато. Горните слоеви на утробата на ѕвездата биле на тој начин заситени со литиум и другите метали, кои се забележани од спектрометарот HARPS.