Открија изгубен континент, скриен под тропски остров. Длабоко на дното на Индискиот океан истражувачки тим од Универзитетот на Витуотерсранд во Јужна Африка открива делови од древен континент.
Покриените со лава делови на континентот се наоѓаат под популарниот Маурициус.
Во податоците на извештајот, кој е објавен во списанието Nature Communications, се наведува дека откриените делови се остатоци од распадот на суперконтинент кој постоел пред повеќе од 200 милиони години.
Поделбата на суперконтиненот ги образува Африка, Јужна Америка, Антарктикот, Индија и Австралија.
Специјалистите појаснуваат дека по распадот има повеќе делови со различни големини од “неоткриен континент”, кои се расфрлани во Индискиот Океан. Распадот не вклучува само поделба на суперконтинентот, туку комплициран расцеп, што остава делови со различни големини во развој уште во океанот.
Откритието е направено со анализа на минералот циркон, кој е откриен во карпите, исфрлени од лава за време на вулкански ерупции. Остатоците од минералот се премногу стари за да му припаѓаат на Маурициус, каде нема карпи постари од 9 милиони години. Проучувајќи го островот сепак, се открива циркон, кој е на 3 милијарди години.
Откритието потврдува податоци на студија од 2013 година, во која се пронајдени траги од антички циркон во песок на плажа. Критичарите тогаш велат дека минералот може да е донесен од ветрот или од самите истражувачи.