Откриен е најголемиот сончев систем во Галаксијата

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Планета која се носи самостојно во вселената, всушност има џиновска орбита од 1 трилион километри околу својата ѕвезда, што ја прави најголемиот сончев систем во нашата галаксија, пишува CNN.4626748

Тоа го открија научниците од САД, Велика Британија и Австралија, кои утврдиле дека планетата 2MASS J2126 орбитира околу својата ѕвезда во една орбита, која е 7000 пати поголема од онаа на Земјата околу Сонцето. “Тоа е најобемниот планетарен систем, откриен досега, а и двата дела од неа ѝ се познати на науката веќе осум години, но до сега никој не ја направил врската помеѓу објектите”, вели водечкиот автор на студијата д-р Најл Декан од Универзитетот во Хертфоршир. “Планетата не е толку осамена како што мислевме, но сигурно е врска од голема далечина”, додава тој.

До сега се сметаше дека 2MASS J2126 слободно лебди во вселената како планета која не е поврзана со ниедна ѕвезда. Сепак набљудувања на ѕвездата и планетата открија дека двете се движат низ вселената заедно и се чини дека се поврзани. “Како така широк планетарен систем е формиран и продолжува да преживува останува отворено прашање”, рече Симон Марфи од Австралискиот национален универзитет. Со своите 1 трилион километри од својата ѕвезда на 2MASS J2126 ќе ѝ требаат 900 000 години за да ја заврши турнејата околу сонцето.