Откриен идентитетот на Џек Мевосек?

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Идентитетот на Џек Мевосек можеби конечно е откриен како  резултат на тврдење дека последната жртва на серискиот убиец всушност е неговата сопруга, која го напуштила, и била крајната цел на серијата убиства од 19-тиот век.

20150802.geltyfykzy

Теоријата за тоа е претставена од страна на авторот на нова книга, кој смета дека има докази дека проститутката Мери Џејн Кели била негова жена и таа била убиена од Френсис Спурцхајм Крег (Francis Spurzheim Craig).Сега, со оглед на развојот на нештата , Министерството за правда даде индикации дека ќе ја издаде првата дозвола за ексхумација на жртва на Мевосек, за да се утврди дали тврдењата се вистинити. Крег бил новинар, во источниот крај на Лондон, за време на периодот во кој убиецот ги започнал своите убиства во 1888 година. Според зборовите на д-р Вејн Вестон-Дејвис, фактот дека Мери Кели била ужасно вандализирана, за разлика од останатите жртви на убиецот наведнува на мислата дека убиецот вложил дополнителни напори за да се осигури дека таа никогаш нема да биде поврзана со него.

Според “Дејли телеграф”, Вестон-Дејвис направил Највпечатливо откритие при обидот да разбере што точно се случило со неговата половина  Елизабет. Откритијата тој ги опишува во својата книга “Вистинската Мери Кели”.Според него Мери Кели е псевдоним на Елизабет Вестон Дејвис. Таа склучува брак со Крег на Бадник 1884 година, но неколку месеци подоцна била забележана во хотел во лондонскиот реон Кингс Крос со “млад човек околу 22:00 часот навечер”. Без знаење на Крег таа станала проститутка и се скрила, кога нејзиниот сопруг разбрал,, токму тогаш таа си го сменила името на Мери Џејн Кели, за да не може тој да ја пронајдат, тврди д-р Вестон-Дејвис. “Постојат докази дека Френсис Крег поминал доста време да ја бара во Источниот дел, дури  изнајмувал приватни детективи. Првично тој сакал да си ја врати назад, но потоа ја замразил “, вели Вестон-Дејвис за изданието. Мери Џејн Кели е убиена во сиромашниот кварт Уајтчапл. Грлото и била пресечени, а срцето извадено.