Откриен мрачен план на Русија: Москва подготвува присилна евакуација на Крим?

од Nikola Popovski
151 прегледи

Како што тврди украинската армија, Русија ги интензивирала подготовките за присилна евакуација на цивили од окупираните региони на јужна Украина на Крим.

Генералштабот на вооружените сили на Украина преку Телеграм објави дека функционери назначени од Русија го испрашуваат и проверуваат локалното население во Мелитопол и Скадовск, пишува „Скај Њуз“.

Тврдар дека проверувале дали имаат руски пасош, дали се пријавени и какво е нивното образование.

„Од тие области тргнуваат автобуси со оние кои сакаат да се евакуираат. Окупаторите шират информации дека присилната евакуација на цивилното население ќе започне на крајот на април“, се вели во соопштението на украинската армија, пренесува хрватски „Индекс“.

Да потсетиме, украинската армија вчера објави дека Русија со насилни методи ги принудува цивилите на окупираните територии да побараат руски пасоши.

Слични содржини