Откриен планот на Израел: Палестинците од Газа да се преселат во Синајската пустина?

од Nikola Popovski
304 прегледи

Израелскиот дипломат, Дени Ајалон смета дека Палестинците на кои израелскиот премиер Нетанјаху им порачал да го напуштат Појасот Газа, нема да бидат оставени сами и дека Израел и меѓународната заедница ќе им помогнат доколку заминат во пустината Синај.

Тој во интервју за „Ал Џезира“ изјавил дека ова е добро осмислено план.

„Не им велиме, одете на плажите, удавете се. Не е така воопшто. Во Синајската пустина има речиси бескраен простор наспроти Газа. Ова не е прв пат да се случи. Идејата е да се преселат кон отворените области каде што ние и меѓународната заедница ќе ја подготвиме инфраструктурата, како привремени градови со храна и вода. Исто како и за бегалците од Сирија кои побегнаа од масакрот што го изврши Асад во Турција пред неколку години. Турција прими два милиони Сиријци. Ова е идеја“, рекол Ајалон.

На прашањето на новинарот дали е практично можно населението да „исчезне од вид“ во толку густо населена енклава и дали е разумно или веродостојно да се мисли дека сите овие луѓе ќе се преселат во оваа исклучена област и ќе бидат безбедни од бомбардирањето, Ајалон само го повторил она што е во планот на израелската влада.

„Ќе ви кажам на практичен начин што треба и што можеме да направиме. Да создадеме, како во минатото, хуманитарен коридор. Кога има хуманитарен коридор, а ние разговаравме за тоа со САД, тогаш можеме да гарантираме дека никој нема да биде повреден во овој коридор“, истакнал дипломатот.

Слични содржини