Откриен прединсталиран малвер во Ксиаоми Mи4

од Vladimir Zorba
101 прегледи
Компанијата за дигитална безбедност Блубокс идентификуваше прединсталиран малвер, како и други проблеми, на смартфонот Ксиаоми Mи4, кој тие го тестирале.1204271599_2137399577_o
Покрај тоа, компанијата тврди дека има докази дека уредот бил однапред модифициран од непозната трета страна.
Блубокс ја пуштаат веста во светските медиуми, откако пред тоа се обратила со барање за коментар кон Ксиаоми, но кинеската компанија не реагирала.
Кога аналитичарите на Блубокс најнапред го добиле телефонот, тие потврдуваат дека станува збор за автентичен модел, користејќи ја апликацијата Ми ИД на Ксиаоми. Потоа продолжиле со тестовите и утврдиле дека на Ми4 има поставено неколку малициозни програми, меѓу кои и адвер, кој се маскира како апликација на Гугл; Тројански коњ, кој им овозможува на хакерите да добијат далечински пристап до уредот, како и друг ризичен софтвер.
– Уредот се покажа ранлив за секоја опасност за која го проверивме, вели Ендрју Блејм, главен аналитичар за безбедност наБлубокс.
Тој додава дека оперативниот систем на Ми4 е несертифицирана верзија на Андроид и поради тоа има серија од празнини. Некои од грешките и пропустите кои тимот ги открил биле поврзани со стари верзии на Андроид, поради што Блубокс смета дека оперативниот систем е некаква комбинација помеѓу КитКет 4.4.4 и постари верзии.