Откриен руски шпион во Генералштабот на Украина

од Vladimir Zorba
431 прегледи

Советникот на началникот на Генералштабот на претседателот на Украина, Олексиј Арестович изјави дека во Генералштабот на украинските вооружени сили бил откриен руски шпион и дека тој е уапсен.

Арестович изјавил дека се откриени уште неколку руски шпиони, пренесе „Укринформ“.

Советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина додал дека руските шпиони имале задача да соборат патнички авион над територијата на Русија или Белорусија, а потоа за тоа да ја обвинат украинската страна.

Слични содржини