Откриена другата страна на Кејт Мидлтон: „Не е како што изгледа на прв поглед“

од Stefanija Kuzmanovska
462 прегледи

Извор близок до кралското семејство тврди дека зад секогаш насмеаното лице на Кејт Мидлтон стои „челична жена“ со силен карактер.

Поради нејзината весела природа и оставањето впечаток дека е „една од нив“, принцезата од Велс е обожавана во Велика Британија и пошироко, но извор близок до кралското семејство тврди дека таа има и друга страна.

Имено, според зборовите на еден кралски инсајдер, зад светлата и пријателска надворешност на Кејт Мидлтон стои „челична жена“ која секогаш ја гледа пошироката слика за подготвено да ја заштити институцијата на кралското семејство.

„Кејт е прекрасна жена која се облекува убаво и се грижи за неконтроверзните добротворни организации, па некои ја доживуваат како малку млака личност. Сепак, таа не е таква како што изгледа на прв поглед, таа е жена од челик со посилен карактер“, изјави Валентина Лоу за Page Six, истакнувајќи дека нејзиниот силен карактер дошол до израз кога станувало збор за справување со проблемите околу обвинувања на принцот Хари и Меган Маркл на сметка на кралското семејство.

Тој, исто така, тврди дека има јасна причина зошто Кејт не отстапува од нејзините ставови и цврсто ги брани вредностите што доаѓаат со нејзината позиција.

„Еден ден таа ќе стане кралица и поради тоа многу внимателно размислува за начините да ја заштити долгорочната стабилност, безбедност и силата на кралското семејство како институција. Таа секогаш ја има на ум поголемата слика, тоа е добро“, заклучува кралскиот инсајдер.

Слични содржини